Прикажувам 417–432 од 479 резултатиSorted by latest

Продавница

Прикажи 16 32

Everdell

Everdell ги запознава играчите со чудесниот свет на шумските животни и брзо-растечките цивилизации, каде што започнуваат патешествие за изградба на живописни градови и формирање на заедници. Преку динамичната изградба на градот и стратегиско поставување на работници, играчите се натпреваруваат да креираат најубав и најживописен град во текот на четирите годишни времиња.

Elawa

Во Elawa, играчите мораат стратешки да ги соберат своите праисториски племиња додека се носат со дилеми и се натпреваруваат против противничките шефови. Секој потег, изберете карта од огништето, соберете ресурси и користете ги за изградба на вашето племе, со цел да имате највеќе поени кога купот со ресурси ке се испразни.

Dominion (Second Edition)

Вие сте монарх, владете со царство на реки и зеленина, копнеејќи да го проширите вашето владеење и да донесете цивилизација на земјата. Во Доминион, играчите се натпреваруваат за да го добијат земјиштето, да ги вработат минионите и да градат згради за собирање на поени за победа, стратегиски градејќи го својот шпил за најефикасниот пат до победата.

Damnation: The Gothic Game

Damnation: The Gothic Game е возбудлива хорор игра каде играчите се натпреваруваат да бидат последниот преживеан, со иконични викторијански злобници, проколнати замоци и смртоносни замки. Истражете ги длабините на застрасениот замок, соберете оружје, избегнете несреќи и убијте ги вашите противници за да ја освоите победата, сè додека се справувате со вампирски пресврти.

Canopy

Canopy ги предизвикува играчите да ги одгледаат живописните шуми полни со различни животни, балансирајќи флора и фауна за оптимален раст. Со добри механики и стратешка длабочина, нуди интересна игра за играчи кои сакаат да ги развијат своите сопствени плодни екосистеми.

Cascadia Kickstarter Edition

Cascadia е стратегиска игра каде што играчите поставуваат плочки и драфтаaт токени за да создадат живеалишта и да ги населат со животни од Пацифичкиот Северозапад. Преку стратегиско поставување на плочки и токени, играчите целат да ги максимизираат поените со создавање на соодветно живеалиште и исполнување на целите за освојување на поени од дивата природа.

One Night Ultimate Werewolf

One Night Ultimate Werewolf нуди брза, интензивна игра за 3-10 играчи, секој играч добива уникатна улога со посебни способности, целта е да се идентификува и елиминира волкот меѓу нив. Со своето брзо темпо и безбројните можност за игра, оваа игра гарантира интересни искуства и обезбедува различност во партиите.

Tea Dragon Puzzle

Започнете префинето патување со нашата сложувалка на Tea Dragon Society. Со магепсуваќка уметност инспирирана од познатиот роман, оваа сложувалка нуди опуштачко и забавно искуство за љубителите на чај и удобството. Сложете ги слатките сцени и препуштете се на замислениот свет на Tea Dragon Society.

National Parks Puzzle

Со незаборавните слики од иконските паркови, секој дел од сложувалката ја оживува величественоста на природата. Идеални за љубителите на природата и љубителите на сложувалки.

Dead Men Tell No Tales Puzzle

Со впечатливата уметност вдишана од популарната дриштвена игра, оваа сложувалка  ветува часови забава за обожавателите и љубителите на пузлите. Искусете ја мистеријата, откријте скриени богатства и уживајте во возбудата на големите мориња во комфорот на вашиот дом. Подгответе се за незаборавно патување во редење сложувалка со Dead Man Tell No Tales!

Canopy Puzzle

Задлабочете се во маѓесниот свет на Канопи со нашата волшебна сложувалка. Со детални илустрации на егзотични животни и бујна растителност, таа претставува прекрасен предизвик за љубителите на сложувалки од сите возрасти. Истражете ја убавината на природата и пренесете ги чудата на дождовната шума во вашиот дом со Канопи сложувалката.

Arboretum Puzzle

Навлезете во мирниот свет на Арборетум со оваа преубава сложувалка. Изработена со внимание посветено на деталите, секој дел прикажува живописни илустрации на величествени дрвја и бујна растителност, нудејќи пријатен предизвик за љубителите на пузли од сите возрасти.

Wayfarers of the South Tigris

Wayfarers of the South Tigris ги воведува играчите во ерата на Абасидскиот калифат, предизвикувајќи ги да истражуваат и да ја мапираат земјата, водните патеки и небесата околу Багдад. Мудро управувајте со својот караван, пријавете ги вашите откритија во Куќата на Мудроста и потрудете се да го воодушевите калифот за да освоите поени за победа. Освојте поени преку мапирање, подобрување на караваните, инспирација на благородниците и влијание врз гилдови. Играта завршува кога маркерот на еден играч ќе стигне до крајот на трасата за дневникот. Дали сте спремни да го искусите ова авантуристичко патување?

Tournament at Avalon

Во Турнирот во Авалон, играчите влегуваат во земјата на Екскалибур со нови ликови, карти и механизми кои се градат врз иновативната механика на Турнирот во Камелот. Борете се со противници користејќи карти на оружје и стратегиски сојузи, целејќи да останете последни во оваа длабока и предизвикувачка игра полна со трикови. Со додавањето на Морган Ле Феј и нови панели за локации, заедно со опцијата за комбинирање со Турнирот во Камелот, можности за епски битки се неограничени! Подгответе се за незаборавно турнирско искуство!

Tiny Epic Vikings

Во “Tiny Epic Vikings”, водете го вашиот викиншки клан кон слава во ледените острови на Северното Море. Оваа брза стратегиска игра за 1-4 играчи комбинира механики за одбирање, контрола на областите и колекција на сетови. Ограбувајте острови, градете бродови и храмови, и борете се за милоста на боговите во текот на три ери. Исполнете ги соновите на вашите викинзи за да им служат на боговите во Валхала додека се справувате со ладните фјордови и војувате за владеење во ова епска авантура!

The Search for Lost Species

Трагање по изгубените видови е возбудлива игра со многу избори каде што сте во улога на научници кои се на мисија да ги откријат изгубените видови во Индонезија и Папуа Нова Гвинеја. Следете клучеви, користете логика и истражувајте ги островите за да ги најдете овие елузивни суштевства пред да исчезнат засекогаш. Со две различни мапи на острови, шест уникатни изгубени видови за наоѓање оваа игра нуди впечатливо искуство. Подгответе се за возбудлива експедиција за да го спасите биодиверзитетот на нашата планета!