Општи одредби

Интернет страната https://gameknight.mk (во понатамошниот текст: интернет страната) е во сопственост на Друштво за производство, трговија и услуги ЕТЕРЕАЛ ТЕК ДОО увоз-извоз Скопје (во понатамошниот текст: Друштвото) и истата се користи за електронска трговија.

Во овие услови за користење (во понатамошниот текст: Услови за користење) подетално се објаснети правата и обврските на посетителите на интернет страната односно кои услуги и функционалности може да ги добие посетителот на интернет страната.

Посетител на интернет страната може да биде секое лице. Но за да биде корисник треба да изврши регистрација согласно овие Услови за користење. За да може едно лице да купува преку интернет страната треба да регистрира корисничка сметка преку опцијата “Регистрација”. Регистрацијата се состои од корисничко име и лозинка кои не треба да претставуваа личен податок на лицето кое се регистрира. Во случај лицето кое се регистрира го внесе своето име и презиме како корсиничко име или лозинка, ние како друштво не гарантираме за злоупотреба на неговиот личен податок од трети страни.

По регистрацијата на корисничката сметка, лицето може да купува од интернет страната преку избирање на опцијата „Корисник“,  по што ќе му се побара внесување на неговотот корисничко име и лозинка.

Вашите податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка за времетраење на трансакцијата (плаќање со картичка), односно при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ банка АД Скопје. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката, односно ние немаме увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на Вашата платежна картичка.

Со оглед дека нашата интернет страна не собира лични податоци од корисниците односно не може да ја знаеме нивната возраст, препорачуваме лицата под 18 годишна да ја користат оваа интернет страна во согласност и под надзор од старател односно родител кој веќе е запознаен и согласен со овие Услови за користење.

Правото на користење на креираната корисничка сметка е лично право на корисникот и не е преносливо на кое било друго лице. Корисникот е одговорен за заштита и доверливоста на неговата лозинка. Корисникот е согласен дека иако Интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола  и ние како друштво не сносуваме одговорност за губење на податоци при пренос на информациите преку Интернет.

Ние како друштво се стремиме да бидеме достапни 24/7 на нашата интернет страна, но не ја исклучуваме можноста да бидеме недостапни од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, технички одржувања и слично. Корисникот е согласен дека е запознаен со горенаведеното.

Купување преку интернет страната

Купувањето преку интернет страната се прави со клик на копчето НАРАЧАЈ  и со едноставно пополнувањето на формуларот за НАРАЧКА кој на интернет страната се генерира кога ќе биде избрана опцијата за купување. Купувачот најдоцна во рок од 1 работен ден ќе добие известување дали производот го има на залиха, како и со понуда на цена на производот/услугата, одобрен попуст на цената и износ на трошокот за испорака од продавачот. На добиеното известување купувачот ќе треба да избере опција за потврдување или одбивање на понудата. Доколку купувачот не избере ниту една од опциите за потврда или одбивање во рокот наведен во таа нотификација, тогаш системот автоматски ќе смета дека нарачката не е потврдена.

Со потврдувањето на нарачка преку интернет страната, купувачот заснова договор за купопродажба со друштвото на нарачаниот производ при што купувачот и друштвото како продавач се обврзани за негово исполнување согласно направената нарачка. Друштвото ќе ги преземе сите дејствија во својата моќ со кои ќе може да придонесе за заштита на правата на корисникот како купувач, како и негово упатување на неговите законски гарантирани права. Ваквото вклучување на Друштвото не исклучува и правото на корисникот на судска заштита.

Ваучери

Ваучерите имаат важност од 6 месеци од датумот на испорака. Купениот износ е неделив и мора да се искористи во целост.

Авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост при користење на интернет страната

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на  интернет страната на друштвото без изречена писмена дозвола од Друштвото е строго забрането. Секое прекршување на овие Услови може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да доведе до граѓанска или кривична одговорност на сторителот.

Друштвото не сноси одговорност доколку во користењето или на било кој начин во врска со користењето на интернет страната или при купување на производикорисникот или трето лице изврши повреда на права од интелектуална сопственост на трети лица.