Потрошувачот плаќањето на производот кој сака да го нарача го плаќа исклучиво со користење на важечка платежна картичка на денот на нарачката на производот согласно наведени инструкции на веб страната на друштвото.

Цената за достава ќе биде наведена при самата нарачка и истата ја плаќа купувачот на денот на доставата лично на курирот вработен во компанијата за достава. Во случај да бидат нарачани повеќе производи или производ кој надминува износ од 4000 денари доставата е бесплатна за што ќе бидете известени при добивање потврда за креирана нарачката.

Нарачката во најбрз можен рок ќе биде предадена на компанијата за достава. Откако потрошувачот ќе добие потврда за креирана нарачка на веб страната, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена нарачката ќе биде предадена на компанијата за достава. Рокот за испорака е 5 (пет) работни дена. За секоја направена нарачка во неработен ден, нарачката ќе биде обработена во првиот работен ден.

Компанијата за достава (надворешна фирма) пратките ги доставува на адресата наведена за испорака со следното работно време и тоа: секој работен ден од 8 до 19 часот и сабота од 9 до 15 часот. Пред доставување на пратката, ќе бидете контактирани од страна на компанијата за достава по пат на смс или телефонски повик. Во случај, компанијата за достава да не може да стапи во контакт со потрошувачот, по 2-3 неуспешни обиди, нарачката ќе биде сторнирана. Со доставата на нарачката, ќе ви биде приложена фактура или фискална сметка.

Доставата се врши само на територијата на Р.С. Македонија. Во поглед на рекламација или барање за враќање или замена на производ поради лични причини на потрошувачот се применува Политиката на замена/враќање на производ и поврат на парични средства.