Endangered
Маршот на напредокот на човечката раса го загрозува опстанокот на многу видови. На вас и вашиот тим ви е доделена задачата да ги спасите!
Соработувајте со вашите соиграчи за да ги спасите тигрите и морските видри од изумирање. Влијајте врз Организацијата на обединетите нации за да ги заштитите животните и спречите еколошката деструкција. Ако четири пратеници на ООН гласаат за резолуцијата, играчите победуваат. Но, пред гласањето, играчите треба да ја одржат деструкцијата под контрола и да ги задржат живи животните!
Секој потег играчите ќе фрлат коцки што можат да ги распределат на карти со дејства. По изврчувањето на акциите, паровите ќе имаат можност да се размножуваат, а плочките за деструкција ќе влезат на таблата, можеби убивајќи веќе ретки животни.
Играјте како зоолог, филантроп, телевизиски домаќин за дивата природа, лобист или еколошки правник, секој со свои специјалности.
| Број на играчи | |
|---|---|
| Време на траење | |
| Возраст |
| Број на играчи | |
|---|---|
| Време на траење | |
| Возраст |
