Цена
Категории
Број на играчи
Време на траење
10+
Parks Wildlife
Проширете го вашето искуство со Parks: Wildlife! Откријте нови животни и истражете ги неверојатните паркови од природата со сосем нова уметност. Се среќавате со уникатниот бизон додека шетка низ парковите, нудејќи бонуси на среќните посетители. Со нови траси, опрема и сезонски карти, оваа експанзија додава уште повеќе возбуда во вашата авантура!
Horrified
Влезете во свет кој е преполн со седум страшни чудовишта во “Horrified”! Соединете ги силите со пријателите за да ги победите овие суштевства пред да биде прекасно. Со впечатливи минијатури и кооперативна игра, секое чудовиште претставува еден уникатен предизвик, барајќи стратегиска тимска работа за победа. Лесна за учење, но бескрајно забавна, “Horrified” обезбедува уживање во авантурите против класични чудовишта како Дракула и Мумијата. Дали сте доволно смели да се соочите со стравот?
Flamecraft
Во Flamecraft, станете вешт чувар на огнот и искористете ги магичните таленти на занаетчиските змаеви за да ги очарате продавниците и да стекнете репутација. Сместете ги змаевите во нивните идеални домови, и правете магии за да ги подобрите продавниците во градот. Стекнете пријателства со змаевите и користете ги собраните предмети за да ги очарате продавниците, стекнувајќи репутација и станувајќи познати како Мајстор за оган. Со специјализирани змаеви и стратегиско поставување, секоја игра нуди возбудливи можностите за играчите.
Beer & Bread
“Пиво & Леб” е динамична игра со карти за два играчи со интересно изменување на рундите, што додава уникатена интеракција помеѓу играчите, собирањето на карти, и управувањето со ресурси. Сместена во две села познати по производство на пиво и печење на леб, играчите се натпреваруваат додека споделуваат полиња и ресурси. Во текот на шест години, играчите мораат да балансираат собирањето, производството, и продавањето на робата, додека ги надградуваат своите објекти. Клучот до победата лежи во одржувањето на баланс помеѓу производството на пиво и леб, бидејќи крајниот резултат се базира на помалото од двете. Дали сте спремни да го водите вашето село кон победа?