60 - 90 min
Feya’s Swamp
From the Other Side
From the Other Side е целосно кооперативна фантази-игра во која играчите ги водат четирите херои низ мрачен свет за да ги пронајдат скршените делови од Огледалото и да го спречат Темниот Змеј да избега во реалноста.
Emberheart
Соберете херои, обучете го вашиот верен змеј и надмудрете ги безмилосните ловокрадци додека се борите да ги спасите последните змејови на Емберхарт во оваа динамична воркер-плејсмент авантура.
Apiary
Во Apiary, играчите контролираат еволуирани фракции на пчелки, истражуваат планети, градат кошници и напредуваат во технологиите за да ја победат Сушата.
Expeditions
Expeditions е компетитивна игра со карти со примеси на енџин-билдинг, каде играчите се впуштаат во Сибир за да стекнат моќ, итрина и уникатни способности, додека ги надминуваат предизвиците и ја уништуваат корупцијата
Wayfarers of the South Tigris
Wayfarers of the South Tigris ги воведува играчите во ерата на Абасидскиот калифат, предизвикувајќи ги да истражуваат и да ја мапираат земјата, водните патеки и небесата околу Багдад. Мудро управувајте со својот караван, пријавете ги вашите откритија во Куќата на Мудроста и потрудете се да го воодушевите калифот за да освоите поени за победа. Освојте поени преку мапирање, подобрување на караваните, инспирација на благородниците и влијание врз гилдови. Играта завршува кога маркерот на еден играч ќе стигне до крајот на трасата за дневникот. Дали сте спремни да го искусите ова авантуристичко патување?
Endangered
Маршот на напредокот на човечката раса го загрозува опстанокот на многу видови. На вас и вашиот тим ви е доделена задачата да ги спасите!
Соработувајте со вашите соиграчи за да ги спасите тигрите и морските видри од изумирање. Влијајте врз Организацијата на обединетите нации за да ги заштитите животните и спречите еколошката деструкција. Ако четири пратеници на ООН гласаат за резолуцијата, играчите победуваат. Но, пред гласањето, играчите треба да ја одржат деструкцијата под контрола и да ги задржат живи животните!
Секој потег играчите ќе фрлат коцки што можат да ги распределат на карти со дејства. По изврчувањето на акциите, паровите ќе имаат можност да се размножуваат, а плочките за деструкција ќе влезат на таблата, можеби убивајќи веќе ретки животни.
Играјте како зоолог, филантроп, телевизиски домаќин за дивата природа, лобист или еколошки правник, секој со свои специјалности.
Рент