Character Notebook
Без разлика дали си Dungeon Master што раководи NPC-а или играш повеќе ликови, ова тетратче е твојот најдобар придружник за следење на 5 карактери или BBEGs. Во ова тетратче ќе најдеш: Посветени секции за ликовите
Секој лик добива свој простор од 18 страници, што ти дава доволно место за да ги забележиш сите детали:
- Потекло, класа, раса и лични информации.
- Способности и вештини, убаво организирани за прегледност.
- Комбат, движење и следење на посебни способности.
- Простор за следење на ајтеми и уникатни алатки, како што се слотови за предмети, табела за бонус акции и реакции, како и тракери за способности на катактерот.
- Четири страници по лик за менаџирање на магиите до левел 9.
Дополнителни алатки за подобра организација на играта:
- Секција „Како се игра” – совршена за почетници.
- 4 страници со најважните DnD правила.
- 5 страници по лик за белешки, NPC-а или квестови.
- 5 страници со коцки, по лик, за цртање на нив.
Ова тетратче е направено со цел и на играчите и Dungeon Master-ите да им ја олесни играта, комбинирајќи функционалност со интересен дизајн.