Влезете во светот на мистеријата и магијата на Хенри Худини. „Тајната Соба на Худини“ е уникатна Escape Room авантура во кутија на македонски јазик, создадена за 1–5 играчи на возраст од 9+ години. Играта трае 60–90 минути и се одвива со физички материјали од кутијата: илустрации со загатки, пликови, 3D елементи и други интерактивни предизвици. Мобилната апликација има помошна улога и служи за хинтови, проверка на одговори, музика, тајмер и гласовни водичи. Совршена е за подарок, семејна вечер, роденден или забавно дружење дома.